Три лица загинаа, а седум се повредени во израелскиот воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут утринава, во последното израелско прекршување на договорот за прекин на огнот, соопшти либанското Министерство за здравство. Израелски борбени авиони бомбардираа и уништија зграда во населбата Хадат во јужните предградија на Бејрут, што го означи првиот израелски напад врз областа по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан на 27 ноември 2024 година.






