🇮🇱⚡🇵🇸 Израел наводно се согласил со условите потребни за 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Израел се согласил со клучните услови за 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа. Веста ја објави преку неговата платформа Truth Social, нагласувајќи дека ова е прв сериозен чекор кон завршување на војната.

„Израел се согласи со клучните услови за 60-дневен прекин на огнот. Во овој период ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп.

Според него, американските претставници имале „долг и продуктивен“ состанок со израелската страна, а посредници во преговорите остануваат Катар и Египет. Тие наскоро ќе ѝ презентираат конечна понуда на Хамас.

„Се надевам дека Хамас ќе го прифати овој договор заради мирот на целиот Блиски Исток. Нема да има подобра понуда – само ќе се влоши“, изјави Трамп.

📌 Според податоци објавени денес:

  • Над 56.000 палестински цивили се убиени во Газа.

  • Повеќе од 17.000 деца го загубија животот.

  • 228 новинари беа намерно убиени додека ја извршуваа својата работа.

Трамп најави и средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон следната недела, на која ќе се разговара за ситуацијата во Газа и прашањата поврзани со Иран.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости