Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, објави остри изјави против учесниците на хуманитарниот караван „Сумуд“, кој има за цел да се доближи до појасот Газа преку Египет.
🔴 „Наредив армијата да ги спречи џихадистичките демонстранти од Египет да влезат во Газа и очекувам египетските власти да ги спречат да се приближат кон египетско-израелската граница“, напиша Кац на платформата X (поранешен Twitter).
🔴 „Овие џихадистички демонстранти претставуваат закана и за египетскиот режим и за сите умерени режими во регионот“, додаде тој.
Караванот „Сумуд“ е составен од меѓународни активисти, новинари и хуманитарци кои повикуваат на отворање на патот кон Газа и итно запирање на блокадата. Израелскиот министер, пак, се обидува да ја дискредитира иницијативата, поврзувајќи ја со екстремизам – наратив кој наиде на критики од активисти и набљудувачи на состојбата.
🇪🇬🚫🇵🇸 Во меѓувреме, Египет официјално соопшти дека нема да дозволи Караванот на отпорот од Магреб и Глобалниот марш за Газа да стигнат до граничниот премин Рафах. Оваа одлука дополнително го усложнува патот за хуманитарните иницијативи кои се обидуваат да ја пробијат израелско-египетската блокада на Газа.

Настапот на Кац и одговорот на Египет доаѓаат во чувствителен момент, кога границата во Рафах останува затворена, а хуманитарната катастрофа во Газа се продлабочува.






