Извештај: Русија најголем снабдувач на гориво за Израел за време на војната во Газа

Според извештајот на Oil Change International, за време на војната во Газа (од ноември 2023 до октомври 2025), Русија била најголемиот снабдувач на нафтени производи за Израел – околу половина од вкупните количини. Ова се случувало и покрај реториката за „Глобалниот Југ“. Поголемиот дел од горивото бил користен за воени цели, вклучително и полнење авионски, тенковски и оклопни единици и друга опрема што се користела во блокираниот палестински сектор.

Извозот не беше прекинат ниту по одлуката на Меѓународниот кривичен суд во врска со премиерот Нетанјаху. Тогаш OCI објави изјава со која всушност ги обвини продавачите на гориво за соучесништво во злосторства.

Меѓутоа, главни снабдувачи со сурова нафта во Израел (70%) за време на масакрот во Газа биле Азербејџан (преку Турција), (иако дел од турските претставници јавно ги негираа овие наводи за транспорт на нафта преку Турција до Израел) и Казахстан (преку Русија). Потоа следуваат Бразил, Габон и Нигерија.

OCI има углед како истражувачка и аналитичка невладина организација. Нејзините процени често се цитираат и користат, но истите се сметаат за „политички“. Општо земено – заклучоците, како што се вели, донесете ги сами.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости