Јасмин Реџепи: „ОН потврдија – Израел врши геноцид во Газа. Вака може да се сопре и спречи повторување“

DW на македонски го пренесува тоа што го зборувам 2 години, а сега го потврдија од ОН:

“Тим од независни експерти, ангажиран од Советот за човекови права на Обединетите нации, заклучи дека Израел врши геноцид во Газа. Се повикува меѓународната заедница да го запре геноцидот.”

Како меѓународната заедница може да го сопре и да го спречи геноцидот од идно повторно случување? Редоследна е постапката:

1. Да спроведе санкции кон Израел исто како кон Русија;
2. Да го исклучи Израел од ОН;
3. Да покрене мировна мисија со сини шлемови во Газа, но и во Западниот Брег;
4. Да ги демилитаризира израелските и палестинските територии;
5. Да ги уапси сите израелски и палестински лидери кои раководеле со какви било институции во последниве 30 години, како и офицери и војници, и да ги предаде на меѓународниот кривичен суд;
6. Да прогласи стогодишен протекторат со главен град Ерусалим, со исти права и обврски на Израелците и Палестинците, коишто ќе можат да учествуваат само во локалната власт, а централната власт ќе биде под ОН;
7. Да ги исели илегалните екстремистички еврејски доселениците од целиот Западен Брег и истиот да го врати на владеење на протераните Палестинци;
8. Да ги ослободи десетиците илјади палестински затвореници, израелските заложници и да прогласи враќање на палестинските бегалци од 1948 година;
9. Да го уништи ѕидот на апартхејдот и да забрани физичка поделба на етничка или верска база, вклучувајќи враќање на либанските и сириските територии;

10. Да спроведе фер и демократски локални избори на палестинските и на израелските територии, како почеток на обновата на заедничката држава во која ќе владее мир, правда и сигурност, и која ќе биде топ туристичка дестинација за одмори и верски туризам, бивајќи пример за решавање на конфликтите во 21. век.

Пишува: Јасмин Реџепи

Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости