Јордан во координација со Турција, Сирија и меѓународната заедница за ставање крај на израелските напади врз сириска територија

„Нашиот став со Турција и Сирија е обединет во поддршката на безбедноста, стабилноста и суверенитетот на Сирија и во заедничката работа за справување со сите предизвици“

 Јордан денес соопшти дека се координира со Турција, Сирија, арапските држави и меѓународната заедница „за да се стави крај на агресијата на Израел“ врз сириската територија, јавува Анадолу.

„Нашиот став со Турција и Сирија е обединет во поддршката на безбедноста, стабилноста и суверенитетот на Сирија и во заедничката работа за справување со сите предизвици“, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади на заедничката прес-конференција со турскиот и со сирискиот колега, Хакан Фидан и Асад ал-Шајбани, по трилатералниот состанок во Анкара.

„Се координираме со нашите браќа во Сирија и Турција, како и со другите арапски земји и меѓународната заедница за да се стави крај на израелската агресија врз Сирија“, додаде тој.

Шефот на јорданската дипломатија рече дека неговите разговори со турскиот и сирискиот министер за надворешни работи ги опфаќаат механизмите „за борба против ДЕАШ и сите форми на тероризам бидејќи тероризмот е закана за сите нас“.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости