🇨🇳 Кина ги предупреди САД да не се мешаат во внатрешните работи на Нигерија

Пекинг остро реагираше на изјавите од Вашингтон за можност од воена интервенција во Нигерија.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, истакна дека Кина, како стратешки партнер на Нигерија, се спротивставува на користењето на религијата или човековите права како изговор за политички притисок, санкции или употреба на сила против суверени држави.

„Секој обид за мешање во внатрешните прашања на Нигерија под било каков изговор е неприфатлив“, порача Нинг.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости