Развојот на настани доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 10 отсто за увозот од Кина
Кина денес објави дека следната недела ќе воведе царини за одредени американски производи, јавија кинеските медиуми, пренесува Анадолу.
Пекинг ќе воведе царини од 10 % до 15 % за некои американски производи почнувајќи од 10 февруари, објави „Саут чајна морнинг пост“.
Во меѓувреме, кинеската државна администрација за регулирање на пазарот соопшти дека започнала официјална истрага против американскиот технолошки гигант Гугл поради сомненија за кршење на кинескиот Закон за антимонопол.
Развојот на настани доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 10 отсто за увозот од Кина.





