Лидерката на германската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD), Алис Вајдел, со својот последен говор целосно го откри вистинското лице на оваа наводно десничарска партија. Иако AfD се претставува како тврда патриотска и десна сила, токму Вајдел ја обвини германската влада дека се обидува да ја зајакне војската и да ја ослободи земјата од странски влијанија — нешто што би требало да биде основна агенда на секоја автентична десница.
Каква е таа десничарска сила што се спротивставува на воениот суверенитет на сопствената земја?
Вистинската десница би барала силна армија и национална самостојност, а не би ги саботирала тие напори под изговор за економска грижа.
Во својот говор, Вајдел изнесе две клучни позиции:
-
Круто противење на целосно откажување од рускиот гас;
-
Осуда на секој обид за воено јакнење на Германија како штетен за германскиот народ.
Секогаш кога ќе се разгледаат ваквите позиции, се појавува ист образец: интересите на Русија и Израел одат рака под рака, а оваа партија ги застапува токму тие интереси — на штета на германската држава и нејзините граѓани.
AfD, наместо да биде вистинска опозиција, се претвора во псевдоопозиција — инструмент на надворешни влијанија и предавник на националните интереси.





