Македон меѓу трите најпаметни деца во светот

Единаесетгодишниот Македон Димитровски постигна импресивни 1440 поени на американскиот SAT тест – 740 по математика и 700 по англиски јазик.

SAT е стандарден приемен тест за универзитетите во САД, а вакви резултати најчесто постигнуваат ученици на возраст од 17 до 18 години. Според семејството, неговиот успех го вбројува меѓу највисоко рангираните ученици на негова возраст во светот.

Македон веќе има забележителни успеси на меѓународни математички натпревари и признанија во повеќе научни области. Со овој резултат, тој се издвојува како еден од најперспективните млади таленти од Македонија и регионот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости