Маск излезе со идеја за основање нова партија по тензиите со Трамп

По меѓусебните обвинувања меѓу Илон Маск, американскиот бизнисмен и сопственик на ‘Тесла’ и ‘СпејсЕкс’, и американскиот претседател Доналд Трамп, Маск со јавноста ја сподели својата идеја за основање нова политичка партија наречена „Американска партија“.

Маск идејата за основање нова политичка партија ја сподели на платформата X којашто ја поседува.

Маск на оваа тема спроведе анкета на платформата X, прашувајќи дали има потреба од нова политичка партија во земјата.

„Дали е навистина време да се основа нова политичка партија што ги претставува средните 80 % во САД?“, запраша Маск.

На прашањето на Маск 80,4 % од учесниците во анкетата одговориле „да“, додека одговорот на 19,6 % бил „не“.

Осврнувајќи се на резултатите од анкетата, Маск на сопствената платформа напиша:

„Народот се изјасни. Потребна е нова политичка партија во Соединетите Држави која ќе ги претставува оние 80 % во ‘средина’. И точно 80 % од луѓето се согласуваат. Тоа е судбина“, коментираше Маск.

„Еден голем прекрасен предлог-закон“ на Трамп, кој има за цел да ги спроведе даночните намалувања што ги вети за време на изборна кампања и беше усвоен од Претставничкиот дом и испратен до Сенатот, стана фокус на критиките на Маск, по што следеа меѓусебни обвинува меѓу Трамп и Маск.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости