Италијанската премиерка Мелони најави иницијатива за враќање на нуклеарната енергија во Италија, по повеќе од 40 години забрана, со образложение дека тоа би ја зајакнало енергетската безбедност на земјата и би ја намалило зависноста од увезена електрична енергија.
Според плановите на нејзината влада, во текот на летото се очекува да биде изработена нова правна рамка која ќе се фокусира на развој на мали модуларни реактори (SMR), технологија што се смета за пофлексибилна и посигурна во споредба со традиционалните нуклеарни централи.
И покрај ваквите најави, Италија останува длабоко поделена околу прашањето за нуклеарната енергија. Силниот отпор во јавноста има корени во нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима, по кои Италијанците на референдуми во 1987 и 2011 година се изјаснија против користење нуклеарна енергија.
Дебатата околу враќањето на нуклеарната енергија повторно ја отвора енергетската и политичката поларизација во земјата.





