Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес се сретна со премиерката на Италија, Џорџа Мелони, на маргините на 80. заседање на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), при што средбата беше одбележана со реакции и експресии на италијанската премиерка.
За време на првата средба меѓу италијанската премиерка и сиријскиот претседател беше воспоставена платформа за обновување на односите меѓу двете држави. Според зборовите на Мелони, клучен елемент во развојот на односите со Сирија ќе биде обезбедувањето на безбедност и слободи за сите компоненти на сиријското општество.
Ho incontrato il Presidente della Repubblica Araba Siriana, Ahmed Al Sharaa, nell’ambito della partecipazione ai lavori della settimana di alto livello dell’Assemblea Generale dell’ONU.
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) September 24, 2025
L’incontro ha costituito l’occasione per confermare il sostegno dell’Italia alla… pic.twitter.com/HSenYht16r
„Оваа средба овозможи да се потврди поддршката на Италија за обновата на стабилна и суверена Сирија, вклучително и преку инвестиции на италијански компании во различни сектори од заеднички интерес“, изјави Мелони.
Сепак, средбата ја одбележаа фотографиите на италијанската премиерка Мелони која со задоволство и со особенa насмевка го следеше Ахмед ал-Шара. Ал-Шара, исто така, возврати на Мелони, што претставува значајна промена во однос на неговата досегашна практика при средби со политичарки од европските држави.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи на сиријското претседателство беше наведено дека на средбата присуствувале и сиријскиот министер за надворешни работи, Есад Шејбани, и неговите соработници.





