Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) го фати Омер ел-Хатип, Сириец осомничен дека учествувал во планирањето и организацијата на терористичкиот напад во Рејханли во 2013 година, во кој загинаа 53 лица.
Ел-Хатип, кој бил баран со црвена потерница на Интерпол, бил фатен додека се обидувал по морски пат да избега во Европа, по што бил пренесен во Турција.
Според турските безбедносни извори, тој учествувал во планирањето и организацијата на нападот и служел како посредник за координација меѓу извршителите на нападот и припадници на разузнавачките структури лојални на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад.
На 11 мај 2013 година, два автомобил-бомби експлодираа во Рејханли, во турската провинција Хатај, во близина на границата со Сирија. Во нападите загинаа 53 лица, а голем број луѓе беа повредени.
Според турските власти, Омер ел-Хатип е еден од лицата вклучени во планирањето и организацијата на нападот.





