МИЦКОСКИ ВО ОАЕ: Посета на Џамијата Шеик Зајед и средба со Претседателот на Емиратите (ФОТО)

Во рамките на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, ја посети величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби — архитектонско ремек-дело изградено од бел мермер, симбол на духовноста, толеранцијата и единството.

Оваа џамија не само што претставува едно од највпечатливите верски и културни обележја на Емиратите, туку и место што ги спојува традицијата и современоста, отворајќи врати за луѓе од сите вери и нации. Посетата остави силен впечаток и претставува потсетник за значењето на меѓусебното почитување, разбирање и дијалог меѓу народите – напиша Мицкоски на социјалните мрежи

Во рамките на посетата, премиерот Мицкоски оствари и официјална средба со Претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Н.В. шеикот Мухамед бин Зајед Ал-Нахјан, на чие покана се реализира оваа посета.

Фокусот на средбата беше зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можностите за инвестиции во клучни сектори како инфраструктурата, агро-бизнисот, обновливите извори на енергија, туризмот, иновациите и новите технологии.Можно е да е слика од 8 луѓеМожно е да е слика од 2 луѓеМожно е да е слика од 1 лице  Нема опис за фотографијата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости