Муцунски во Катар: Потпишани три договори и меморандуми, во фокусот соработката во одбраната, дипломатијата и економијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Катар, оствари средби со високи катарски претставници, при што во фокусот беа билатералната соработка, безбедноста, економските односи и дипломатијата.

Муцунски се сретна со заменик-претседателот на Владата и државен министер за одбрана, шеик Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али Ал Тани. На средбата било разговарано за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната, како и за актуелните регионални и меѓународни безбедносни предизвици. Министерот ја истакнал улогата на Македонија како членка на НАТО, а ја поздравил и улогата на Катар како важен партнер на Алијансата. Двајцата соговорници ја потврдиле заедничката заложба за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста преку зајакнување на дијалогот и билатералната и мултилатералната соработка.

Во текот на посетата, Муцунски во Доха се сретна и со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал-Мураики. На средбата биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, а се разговарало и за нивно натамошно унапредување, со посебен акцент на политичкиот дијалог, економската и инвестициската соработка.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, како и за соработката во рамки на мултилатералните организации.

Во рамки на средбата беа потпишани Договор за ослободување од визи за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши, Меморандум за воспоставување политички консултации и Меморандум за соработка во областа на дипломатската едукација, со што, според Муцунски, се отвораат нови можности за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Катар.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости