Најмалку 1.500 лица се водат како исчезнати во поплавите во Непал – речиси половина од нив се странски туристи

Разорните поплави и одрони во Непал предизвикаа огромни материјални штети, при што се уништени најмалку 19 мостови и околу 40 километри патишта, а оштетени се и бројни хидроенергетски објекти.

🚨 Најмалку 1.500 лица се водат како исчезнати, меѓу кои се и повеќе од 700 странски државјани, главно туристи, планинари…

Повеќе од 5.000 војници и полицајци се вклучени во спасувачката операција, а хеликоптери доставуваат храна, лекови и друга помош до отсечените населени места.

🇮🇳🇨🇳 Индија и Кина понудија помош, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости