– Најмалку 30 Палестинци се убиени, над 150 се повредени денес откако израелските сили отворија оган врз цивилите кои дојдоа за хуманитарна помош во Ал-Маваси, западно од Рафа во јужна Газа, изјавија медицински извори за Анадолу.
Според палестинската новинска агенција Вафа, израелските сили користеле боева муниција од копнени возила и вооружени дронови-квадрокоптери за таргетирање на луѓето кои се собрале за да земат хуманитарна помош.
Со денешниот број, билансот на убиени Палестинци во близина на местата за дистрибуција на хуманитарна помош е 39 за помалку од една недела, со над 220 повредени во истиот период, според пресметката на Анадолу врз основа на палестински извори.
Од 2 март, Израел ги држи затворени сите гранични премини, прекинувајќи го влезот на храна, лекови, гориво и други основни залихи за 2,4 милиони жители на Газа.
Израел спроведува разорувачка офанзива во Газа од октомври 2023 година, во којашто се убиени над 54.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Агенциите за хуманитарна помош предупредија на ризик од глад кај повеќе од 2 милиони жители на енклавата.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите воени злосторства врз цивилите во енклавата.





