Навивач на Брајтон казнет поради палестински дрес на трибините

Англискиот навивач на Брајтон тврди дека му било забрането да го носи дресот на Палестина на натпреварот и дека поради тоа бил суспендиран на пет натпревари, иако дресот не содржел никакви политички пораки или слогани.

Станува збор за долгогодишен навивач кој истакна дека има сезонска карта речиси десет години и дека минатата недела на натпреварот против Фулам го носел официјалниот дрес на Палестина, на кој стои само името на земјата без дополнителни натписи.

„Ја соблеков јакната на пат кон моето место. Под неа имаше дрес на Палестина, без слогани, без политика, само зборот „Палестина““, напиша навивачот во својата објава на социјалните мрежи, прикачувајќи фотографија од дресот за кој станува збор.

Тој опиша како изгледал текот на настаните.

„Во текот на првото полувреме немаше проблеми, а на полувремето, редарите ме замолија да го напуштам просторот без никакво објаснување. Кога одбив да го напуштам стадионот, се вратив на моето место и продолжив да го гледам натпреварот“, напиша споменатиот навивач, а потоа додаде:Објава на навивачите на Брајтон на социјалните мрежи (Фото: Инстаграм)

„Потоа поднесов официјална жалба до клубот, но наместо одговор, добив официјално писмо за суспензија од пет натпревари“.

Во видеото објавено во коментарите на неговиот профил, можете да го видите моментот кога стјуардите доаѓаат да го предупредат, но никаде не е јасно објаснето врз основа на кое правило е забрането носењето на овој дрес.

Засега, клубот јавно не го коментираше случајот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости