„Неонацистите и екстремната десница извршиле над 42.000 злосторства во 2024 година“, објави германската Влада

– Германското МВР откри дека политички мотивираните злосторства достигнале рекордно високо ниво од 84.172 случаи минатата година, при што 42.788 се злосторства од крајната десница – зголемување од 48 % во однос на 2023 година.

Неонацистите и екстремно десничарските групи извршиле вкупно 42.788 кривични дела низ Германија во текот на изминатата година, што претставува највисока бројка во последната деценија, соопшти германската Влада денес, јавува Анадолу.

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт на прес-конференција во Берлин откри дека политички мотивираните злосторства достигнале рекордно високо ниво од 84.172 минатата година, при што 42.788 се злосторства од страна на крајната десница – зголемување од 48 отсто во однос на 2023 година.

„Најголемата закана за нашата демократија доаѓа од десничарскиот екстремизам. Тоа е објективна вистина“, изјави Добриндт при претставувањето на извештајот на Владата за политички мотивирани кривични дела.

„Минатата година се соочивме со многу масовно зголемување на десничарските, политички мотивирани злосторства. Затоа ќе продолжиме со нашата борба против десничарскиот екстремизам и десничарски мотивираните злосторства“, нагласи тој.

Министерот предупреди и на растечкото насилство меѓу десничарските екстремисти, наведувајќи дека тие биле одговорни за повредување на 45 отсто од сите жртви на политички мотивираното насилство во 2024 година.

Според официјалните податоци, неонацистичките и десничарските групи извршиле 1.488 насилни напади врз мигранти, бегалци или политички противници, што е зголемување за над 17 отсто во споредба со претходната година. Во тие напади биле повредени најмалку 1.068 лица.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости