Нетанјаху за австралискиот премиер: Тој е слаб политичар кој го предаде Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека австралискиот премиер Ентони Албанезе го предал Израел и ја „напуштил“ еврејската заедница во неговата земја.

Преку Платформата X, Нетанјаху вели дека историјата ќе го памети Албанезе како слаб политичар кој го предал Израел.

Неговата изјава доаѓа откако израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, објави дека ги укинува визите за престој за дипломатските претставници на Австралија во Палестинската самоуправа.

Австралија неодамна им забрани влез на поранешната министерка за правда, Ајелет Шакед, и на произраелската активистка и влијателна личност, Хилел Фулд.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг претходно изјави дека укинувањето на визите е „неоправдана реакција“ од страна на Израел.

„Во време кога дијалогот и дипломатијата се потребни повеќе од кога било, владата на Нетанјаху го изолира Израел и ги поткопува меѓународните напори за мир и решение за две држави“, се вели во соопштението.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости