Поточно, станува збор за додаток во облеката во црвени, бели и сини ленти кои се идентични со шарите на руското знаме.
Кога „Хафпост“ ги праша соработниците на Хегсет дали е свесен за пофалбите од Русија и дали претходно ја носел вратоврската, главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, одговори со подготвена изјава:
„Мајка ти му ја купи, а тоа е патриотска американска вратоврска, идиоту.“
Потоа „ХафПост“ постави дополнително прашање, дали Хегсет, кој често носи облека направена од делови од американското знаме, е запознаен со кодексот за знамето на САД, кој, меѓу другото, наведува дека знамето никогаш не треба да се користи како облека, постелнина или завеси.
Портпаролката на Пентагон, Кингсли Вилсон, одговори со изјава:
„Ако сакањето на својата земја и желбата да ја претставувате од глава до пети е злосторство во очите на левичарскиот блог познат како ХафПост, тогаш сметајте го секретарот Хегсет за виновен. Тој е патриот кој ја почитува оваа земја и нашето знаме.“





