Осум лица се уапсени откако во куќа во областа Брчко биле пронајдени 31 дете, а во истрагата е вклучен и Европол. Меѓу уапсените се и судски полицаец и неговата мајка, кои се товарат за трговија со деца.
Полицијата на округот Брчко уапси осум лица осомничени за трговија со луѓе, трговија со деца и занемарување на деца, соопшти денеска Џевида Хукичевиќ, портпаролка на полицијата.
Ова е куќата во Брчко во која се пронајдени повеќе од 30 деца: Полицијата ги пронашла децата откако локален жител се јавил во полиција дека во текот на ноќта му дошло дете на врата и рекло дека нема каде да спие…

„Истрагата е сложена и оди во неколку насоки. Воспоставена е соработка со Агенцијата за истраги и заштита, Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон и Европол. Со оглед на тоа дека инволвираните лица се малолетни, нема дополнителни информации“, рече Хукичевиќ.
Таа додаде дека полицијата на округот Брчко денеска до обвинителството ќе поднесе извештај за извршените кривични дела.
Индекс, за потсетување, вчера од полициски извори дознава дека во Брчко биле затекнати претежно деца Роми. Помал број од нив имаат хрватски пасоши, но потребно е да се провери нивниот идентитет и оригиналноста на нивните документи.
Меѓу децата имало и бебиња, а најстарите деца имаат 12 години. Портпаролот на полицијата во округот Брчко, Џевиде Хукичевиќ, ги потврди новите апсења и соработката со Европол на БиХ.





