На најновата листа на 100 најбогати во регионот доминираат традиционалните бизниси.
Во првите 10 најбогати се наоѓаат четири бизнисмени од Србија и шест од Хрватска Низата на најбогатите хрватски и српски бизнисмени е прва што ја прекинува бизнисмен од Босна и Херцеговина, кој се пласираше на 21-во место на Листата на 100 најбогати.
Десет места подоле, односно на 31- во место е првиот човек на фармацевтскиот гигант Алкалоид, Живко Мукаетов, (892 милиони евра) на 48- мо место е Илија Гечев, сопственикот на компанијата ИГМ трејд (677 милиони евра), а веднаш по него е Андреја Јосифовски, прв човек на нафтениот гигнат во земјава Макпетрол (662 милиони евра). Во првите 100 се најдоа и Висар Јакупи и Алајдин Даути од Кипер маркет кои се на 90 -то место со 317 милиони евра, Слободан Кутревски од Пекабеско со 293 милиони евра е рангиран на 96 – то место, а семејството Георгиев, Стокомак со 284 милиони евра на 97 – мо место.






