На видеото што го објавуваме, може да се чуе првиот езан (повик на молитва) што одекнал низ Медина преку микрофон, директно од минарето на Пратениковата џамија.
Овој историски момент се случил пред приближно 70 години, кога шеик Абдул-Азиз ал-Бухари го изговорил езанот и гласот му се слушнал низ целата Медина – нешто што во тоа време било револуционерно.
Микрофонскиот повик означува пресвртница во ширењето на езанот и неговата јасност до верниците, што е документирано на ова ретко и мошне вредно видео.
Видеото можете да го погледнете подолу.





