Појасот Газа: 37.124 Палестинци загинаа во израелските напади од 7 октомври

Најмалку 40 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа

Најмалку 40 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што бројот на загинатите од 7. октомври се искачина 37.124, соопшти во понеделникот Министерството за здравство во опколената енклава.

Во соопштението на министерството се додава дека во израелската офанзива се повредени и 84.712 лица.

Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив, велат од Министерството.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

ТРТ Балкан

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости