Порака од Белата куќа предизвика шпекулации за можни потези кон Иран

Во ноќта меѓу 11 и 12 јануари, на официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа Х беше објавена кратка порака која предизвика бројни реакции кај јавноста.

„Сакаме да кажеме три работи… Бог да ги благослови нашите војници. Бог да ја благослови Америка. И ние само што почнуваме“, стои во пораката, придружена со фотографија од претседателот Доналд Трамп и слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Голем број корисници на социјалните мрежи се обидуваат да го протолкуваат значењето на пораката. Дел од нив сметаат дека станува збор за можно навестување на воени или политички потези кон Иран, иако засега нема официјална потврда за такви намери.

Формулацијата на пораката, како и спомнувањето на војниците и изразот „ние само што почнуваме“, отворија простор за различни толкувања и шпекулации за идните чекори на администрацијата на Трамп.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости