Денес, на Меѓународниот балкански универзитет, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Факултетот за економски и административни науки, претставуван од вон. проф. д-р Лиза Алили Сулејмани, и Nahla Consulting, претставувана од м-р Селма Ризвановиќ Мандал.
Оваа соработка претставува значаен чекор напред во унапредувањето на практичната обука и еманципација на студентите, како и во развојот на квалитетни истражувања и анализи во областа на сметководството, финансиите и даноците.
Двете страни изразија подготвеност за долгорочно партнерство, засновано на заемен развој, иновација и заеднички успех.





