Четврт-финалните реванш натпревари во УЕФА Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал се играат утре и задутре, известува Анадолу.
На 15 и 16 април ќе се одиграат четири реванш средби од четврт-финалето на најпрестижното европско клупското натпреварување во фудбал.
Севкупните победници по двата натпревара ќе се пласираат во полуфиналето на УЕФА ЛШ.
Распоредот на четврт-финалните реванш натпревари во Лигата на шампионите е следен:
Утре, 15 април:
21:00 Борусија Дортмунд (Германија) – Барселона (Шпанија) (0-4)
21:00 Астон Вила (Англија) – Парис Сен Жермен (Франција) (1-3)
Среда, 16 април:
21:00 Интер (Италија) – Баерн Минхен (Германија) (2-1)
21.00 Реал Мадрид (Шпанија) – Арсенал (Англија) (0-3)





