Премиерот Еди Рама: Албанија нема да им издава пасоши на етничките Албанци од Македонија по влезот во ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја нема да им издава албански пасоши на етничките Албанци од Македонија откако Албанија ќе стане членка на Европската Унија.

„Ние не сме земја што може да прави што сака и кога сака, особено кога станува збор за прашања што ја засегаат внатрешната хармонија на европското семејство. Бугарија го направи тоа дури откако стана членка на Европската Унија, бидејќи тогаш нејзиниот пасош доби голема тежина“, изјави Рама.

Тој додаде дека Албанија нема да постапува како Бугарија, која им доделува државјанство на граѓани од Македонија врз основа на бугарско потекло.

Говорејќи за положбата на Албанците во регионот, Рама оцени дека тие денес се наоѓаат во подобра положба отколку во кој било период од нивната историја и повика тој напредок да се зачува.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости