Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе учествува на 25-от самит на Советот на шефовите на држави на Шангајската организација за соработка, кој ќе се одржи од 31 август до 1 септември во кинескиот град Тјенџин.
Раководителот на Одделот за комуникации на Претседателската администрација на Турција, Бурханетин Дуран, ова го објави на социјалните мрежи.
„Нашиот претседател, г-дин Реџеп Таип Ердоган, како одговор на поканата на претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, ќе го посети Тјенџин од 31 август до 1 септември 2025 година, за да присуствува на 25-от Самит на шефови на држави и влади на Шангајската организација за соработка како почесен гостин“, напиша Дуран.
Според медиумските извештаи, самитот на ШОС ќе биде најголем по број на учесници во целата историја на организацијата.





