Пропагандата дека Ахмед ал Шара ќе врши масакри врз христијани не вроди со плод – ќе се извинат ли тие што ширеа лаги?

За време на посетата на градот Дара, сирискиот претседател Ахмед ал Шара се сретна со делегација составена од претставници на христијанската заедница. Оваа средба ги демантираше шпекулациите и пропагандистичките тврдења дека новата власт во Сирија ќе биде насилна кон христијаните.

Шара, кој од почетокот на својот мандат повикува на национално единство и почитување на верските различности, јасно порача дека христијаните се неразделен дел од сириското општество. Делегацијата, составена од свештени лица и истакнати членови на локалната заедница, го поздрави неговото ветување за безбедност и еднакви права за сите граѓани.

Во меѓувреме, останува прашањето: ќе се извинат ли пропагандистите и политичарите што ширеа страв и лажни информации за наводни прогони, масакри, истребувања на христијани во Сирија кои требаше наводно да следуваат после преземањето на новата власт во Сирија? Или лагите ќе продолжат да се користат како алатка за поделби и странски влијанија?

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости