Трамп испрати покани низ целиот свет, вклучително и до рускиот претседател Владимир Путин, а повеќето лидери сè уште не одговориле.
Сепак, францускиот претседател одлучи да одговори и ја одби поканата на Трамп да учествува во овој комитет.
Одлуката на Макрон најверојатно е донесена, меѓу другото, поради конфликтот меѓу европските земји и Трамп во врска со Гренланд, кој американскиот претседател сака да го припои кон САД.
Да потсетиме дека Трамп го замислуваше Комитетот за мир како еден вид замена за Обединетите нации, односно како наднационално тело кое би посредувало во конфликтите низ целиот свет.
Досега покани добија лидерите на Полска, Русија, Словенија, Израел и Франција, но Макрон е единствениот што досега одговори.
Не е точно познато како би работел Комитетот за мир и како би ги спроведувал своите одлуки. Белата куќа сè уште не ги објавила овие детали.





