Реџеп Таип Ердоган го угости Шекил О’Нил

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со легендарниот НБА кошаркар Шакил О’Нил.

Средбата се одржа во Центарот за развој на кошарката „Турксел“, а по тој повод претседателот Ердоган сподели објава со неколку фотографии на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Објавените фотографии ги прикажуваат Реџеп Таип Ердоган и Шакил О’Нил како разменуваат потпишани кошаркарски топки како симболични подароци, давајќи му на состанокот спортско-дипломатска нота.

Овој некогаш доминантен центар беше најдоминантен кошаркар во најсилната лига во светот со години и освои четири НБА шампионски титули во својата кариера.

Тој играше за Орландо, ЛА Лејкерс, Мајами, Феникс, Кливленд и Бостон, а три пати беше прогласен за најкорисен играч во финалето на НБА, од 2000 до 2002 година.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости