Пуштен во употреба „One Stop Shop“ на Блаце – Елез Хан: Една граница, побрза контрола

По долг период, конечно викенд без колони на Блаце. Долгоочекуваниот момент што се одложуваше со години – конечно стана реалност. Од денеска, на граничниот премин Блаце почна да функционира интегрираниот систем на единствена граница меѓу Македонија и Косово. Граѓаните се оптимисти дека долгите чекања се минато и дека конечно ќе заштедат драгоцено време.

Една проверка на пасош, помалку ред за чекање, но и поголема посветеност на граничните служби за безбедноста меѓу Македонија и Косово. Од денеска принципот на „one stop shop” почна да се применува и на македонско-косовската граница на преминот Блаце – Елез Хан.

Но, ова не е само техничка придобивка за граѓаните и бизнисот, туку и најдобар доказ за зајакната меѓусебна доверба меѓу двете држави, како и јасна определба за интеграција на западен Балкан со отворени грнаици кон Европската унија согласни се Владите на двете држави.

И косовскиот премиер Курти вели дека освен инфраструктурно поврзување ова е голем чекор во доборососедските односи. Низ сите три гранични премиени кон Косово лани поминале над 5 милиони граѓани, од кои 4,3 милиони се токму низ граничниот премин Блаце – Елез Хан. Една заедничка проверка на преминот значајно ќе го забрза овој проток во користи на граѓаните и бизнисот.

Токму државниците од двете земји имаа прилика први да го поминат преминот само со една проверка.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости