Путин го одобри составот на руската делегација за разговорите со Украина во Истанбул

Руската делегација ја предводи помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински

 Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за составот на делегацијата на неговата земја што треба да одржи директни разговори со Украина во Истанбул во четврток, известува Анадолу.

Во декретот, објавен на веб-страницата на Кремљ, се наведува дека делегацијата ќе ја предводи Владимир Медински, помошник на претседателот, а ќе бидат вклучени и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, директорот на Главната дирекција за разузнавање на рускиот Генералштаб, Игор Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.

Одобрен е и составот на експерти за преговори.

„Оваа наредба стапува на сила од денот на нејзиното потпишување“, се вели во соопштението.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости