Путин повика на продлабочување на соработката со исламскиот свет пред утрешниот форум во Казан

„За нас е важно да го зачуваме сеќавањето на лекциите од историјата. Само заедно може ефикасно да им се спротивставиме на современите безбедносни закани…“

– Рускиот претседател Владимир Путин денес упати порака до учесниците на 16. Меѓународен економски форум „Русија – Исламски свет: Казан Форум“, повикувајќи на засилување на соработката во финансискиот сектор, технологијата и регионалната безбедност, јавува Анадолу.

„Срдечно ви посакувам добредојде во гостопримливиот Казан“, изјави Путин до гостите на Меѓународниот економски форум, кој официјално започнува утре во Казан, главниот град на Република Татарстан, а ќе трае до 18 мај.

На форумот ќе присуствуваат делегации од над 100 земји од светот.

И покрај глобалните тензии, Путин ја истакна подготвеноста на Русија да ја проширува соработката со земјите со мнозинско муслиманско население, особено во економскиот, научниот, образовниот и хуманитарниот сектор.

„Заедничката работа за развој на дигитален финансиски систем ќе биде тема на состанокот на Стратегиската визија на Русија и исламскиот свет со учество на претставници на Организацијата за исламска соработка“, додаде тој.

Годинашната програма на форумот опфаќа теми, како трговија, исламски финансии, халал стандарди и модели на финансирање засновани врз учество. На настанот присуствуваат претставници од меѓународни организации, влади, инвестициски групи и јавни институции.

Глобален медиумски партнер на форумот е турската новинска агенција Анадолу.

Путин, исто така, истакна дека ова издание на форумот се совпаѓа со 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Тој го поврза тоа наследство со современите глобални предизвици.

„За нас е важно да го зачуваме сеќавањето на лекциите од историјата. Само заедно може ефикасно да им се спротивставиме на современите безбедносни закани, како што се тероризмот, екстремизмот и ескалацијата на локалните конфликти“, рече тој.

Путин рече дека е уверен оти форумот ќе продолжи да служи како клучна платформа за продуктивен дијалог и посилни партнерства меѓу Русија и исламскиот свет.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости