Во Македонија е регистрирано сериозно зголемување на случаите на западнонилска треска, со 35 потврдени заразени, три смртни случаи и неколку пациенти во критична состојба на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Најпогодени се општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Илинден, Студеничани и Арачиново.
Здравствените власти формираа координативно тело со повеќе институции и започнаа засилена дезинсекција и контрола на подрачјата каде има најголема појава на комарци.
Како да се заштитите?
-
Користете репелент против комарци.
-
Носете долги ракави и панталони, особено навечер.
-
Поставете мрежи на прозорците.
-
Отстранете застоена вода од дворовите и околината, каде што се размножуваат комарците.
Август и септември се периоди кога ризикот од западнонилската треска е највисок, па здравствените власти апелираат на зголемена претпазливост.





