Ројтерс објави фотографии од уништувањето во Киев по рускиот напад, бројот на жртви се искачи на 12

Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 12, меѓу кои и три деца.

Новите бројки ги објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Руските ноќни напади главно ги погодуваа станбените области во главниот град Киев.

Најновите слики покажуваат спасувачи пред станбени блокови и луѓе како ја проценуваат штетата на своите домови по ударот.

Украинските воздухопловни сили објавија дека 598 дронови, 11 балистички и 20 крстосувачки ракети учествувале во синоќешниот воздушен напад на Русија, чија цел биле региони низ Украина.

Од нив, беа пресретнати 563 дронови, осум балистички и 18 крстаречки ракети.

Сè уште не е јасно колкумина го погодија Киев.

Ова е најголемиот напад врз украинската престолнина од 31 јули, кога беа убиени повеќе од 30 лица.

    

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости