Ротвајлери нападнале мајка со две деца во Кичевско – едно дете повредено

Две кучиња од расата ротвајлер, во сопственост на локален жител, нападнале мајка со две малолетни деца во кичевското село Другово, додека семејството се движело на прошетка.

Според објавата на социјалните мрежи на мајката, инцидентот се случил во петокот попладне кога кучињата ненадејно почнале агресивно да лаат и да се приближуваат кон нив. Во обид да ги заштити децата, таа го подигнала помалото дете во раце, додека се обидувала да го оддалечи и поголемото.

Во нападот, едното куче го повлекло детето, при што тоа паднало на бекатон-површина, по што, според сведоштвото, се појавило и второто куче.

Детето се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани и санирани во Медицинскиот центар во Кичево. Случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи од страна на службата за брза помош, а мајката подоцна дала изјава во полициска станица.

Засега нема официјални информации од надлежните институции дали е преземена мерка против сопственикот на кучињата, ниту какви понатамошни постапки ќе следат. Инцидентот повторно ја отвора дебатата за контролата на опасни кучиња, одговорноста на сопствениците и безбедноста на јавните простори, особено кога се во прашање деца.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости