✅ 🇷🇺 🇺🇸 САД се подготвени да го признаат Крим како руски
САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз полуостровот Крим како дел од поширокиот мировен договор меѓу Москва и Киев, пишува Блумберг повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.
Се вели дека потенцијалната отстапка е најновиот сигнал за подготвеноста на Трамп да го зацврсти договорот за прекин на огнот и доаѓа откако тој и државниот секретар Марко Рубио во петокот сугерираа дека Соединетите држави ќе се откажат од напорите за посредување во мир, доколку не се постигне брзо напредок.





