Шпанка добила отказ затоа што дошла порано на работа

Работничката во Шпанија, чиј идентитет не е објавен, била отпуштена затоа што дошла во канцеларијата 40 минути порано. Пред отпуштањето, таа неколку пати била усно и писмено предупредена дека ќе дојде во 7:30 часот наутро, кога започнува работното време.

Станува збор за 22-годишна жена која работела во логистика, а во последните две години доаѓала пред почетокот на работното време. Најмалку 19 пати била предупредена да не го прави тоа. Шефот го сметал тоа за прекршување на деловните прописи. Дополнително, работодавачот ја обвинил работничката дека продавала употребувана батерија од службениот автомобил без одобрение од компанијата.

Сепак, работничката се жалела до судот во Аликанте, сметајќи дека е неоправдано отпуштена. Судот пресуди во корист на работодавачот, заклучувајќи дека проблемот не е нејзината „прекумерна точност“, туку дека таа упорно одбивала да ги почитува прописите, што претставува сериозно кршење на член 54 од шпанскиот Закон за труд.

Шпанската јавност е поделена по ова прашање, а експертите велат дека компаниите мора да ги спроведуваат правилата за работно време. Постои можност работникот да поднесе жалба до Врховниот суд во Валенсија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости