Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски попладнево во Скопје оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, на која беа истакнати одличните односи меѓу двете држави и високото ниво на политичка соработка на билатерално ниво.
Муцунски и Улусој разговараа за искористување на потенцијалите за интензивирање на економската соработка, зголемување на билатералната трговија и поттикнување на нови инвестиции.
На средбата беше потврдена и одличната соработка и меѓусебната поддршка меѓу Северна Македонија и Турција во рамките на регионалните и мултилатералните формати, со посебен акцент на важноста од стабилен и просперитетен Балкан.






