Сопатникот снимал видео за Тик-ток за време на несреќата – детали за сообраќајката во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 16 часот, на автопатот „Милош Велики“ кај Обреновац во правец кон Белград, едно лице го загуби животот а две се тешко повредени.

Возачот Дејан Ј. загина на лице место додека пак неговиот сопатник, Ненад Б.(40), беше тешко повреден на автопатот „Милош Велики“. За време на несреќата совозачот Ненад Б.снимал видео за Тик-Ток, пишуваат српските медиуми.

Еден од корисниците на Тик Ток објави видео на кое Дејан Ј. вози во спротивна насока, апострофирајќи дека сопатникот во тој автомобил цело време држел мобилен телефон во рацете и бил „во живо“ на Тик Ток.

Оваа информација, сепак, не е официјално потврдена, а полициската истрага ќе ги утврди сите детали за големата сообраќајна несреќа.

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости