“Мојата мајка ми е сè на светот. За жал, не ни беше лесно во детството бидејќи таа самата не израсна.
Секогаш се бореше за нас и го даваше својот живот за нас…
Кога ја добив првата плата, сите пари и ги дадов на мајка ми. За себе оставив само 200 евра.
Кога го потпишав првиот договор, и реков да даде отказ.
Денес, мајка ми го живее најдобриот живот што може да го замисли.”
– Софијан Буфал, марокански репрезентативец
На видеото се гледа како марокански фудбалер Софијан Буфал ја прослави победата со својата мајка. Фудбалерот и неговата мајка среќно танцуваа на теренот, а ниту еден од нив не можеше да ја симне насмевката од нивните лица.
Video of Sofiane Boufal dancing with his mum on pitch ❤️
— Mimi Fawaz (@MimosaFawaz) December 10, 2022
After Morocco 🇲🇦 sealed historic semi-final spot at #FIFAWorldCup
https://t.co/52O1M8Y9mz
Репрезентацијата на Мароко го воодушеви светот откако ја испрати репрезентацијата на Португалија дома и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Утрово медиумите беа преполни со фотографии од Мароканци кои слават, а една снимка целосно го воодушеви интернетот. Имено, на видеото се гледа како марокански фудбалер Софиан Буфал ја прослави победата со својата мајка. Фудбалерот и неговата мајка среќно танцуваа на теренот, а ниту еден од нив не можеше да ја симне насмевката од нивните лица. Мароканскиот репрезентативец и неговата мама се прегрнаа и се радуваа, а видеото набрзо стигна до социјалните мрежи и почна да се шири и собра многу лајкови.






