Општина Ерусалим ги замрзна банкарските сметки на Грчката православна патријаршија поради спор околу данокот на имот, објави „Тајмс оф Израел“.
Како последица на тоа, црквата не е во можност да ги исплати платите на своите свештеници и персонал, што создава сериозни проблеми во функционирањето на верската институција.





