Во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница загинаа четири лица, меѓу кои и првенецот на Македонската опера и балет, Ристе Велков, неговиот син Адам и уште две млади лица.
Несреќата се случила доцна синоќа на делницата кај Визбегово и Мирковци, кога камион со косовски регистарски таблички преминал во спротивната лента и директно се судрил со автомобил „БМВ“. По ударот избувнал пожар, во кој целосно изгореле двете возила.
Според МВР, возачот на камионот е приведен, а истрагата за причините за несреќата е во тек.





