Трагедија во Италија: Се удави 9-годишно девојче по потекло од Македонија

Во тешка трагедија што се случила вчера околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо (Италија), животот го загуби 9-годишното девојче Адна Ислам, по потекло од Македонија.

Адна, жителка на Кавасо дел Томба, била на излет со своите родители Ихмет и Наила и нејзините двајца помали братчиња покрај реката Пјаве. Според италијанскиот весник „Ла Трибуна ди Тревизо“, девојчето си играло на камењата заедно со други деца кога се лизнало, паднало во реката и веднаш било повлечено од силната водна струја.

Во рок од неколку минути пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачки тимови, а спасувањето било значително отежнато поради силната струја и густите камења. Во потрагата учествувале и хеликоптер и дронови.

Трагично, телото на Адна било пронајдено околу 18:30 часот, заглавено меѓу камења во реката. Докторот кој бил присутен на местото можел само да ја констатира смртта.

Градоначалникот и неговата заменичка, длабоко потресени од настанот, изразиле сочувство и подготвеност за поддршка на семејството.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости