Трагедија во Србија: Девојка загина бегајќи од паника предизвикана од пиротехника на факултет

Синоќа се случил трагичен настан на Филозофскиот факултет во Белград кога пиротехнички средства се запалиле во зградата, а една студентка скокнала низ прозорецот и за жал загинала.

Синоќа во 22:40 часот, полицијата добила пријава дека пред факултетот е пронајдено женско лице без знаци на живот, при што е утврдено дека станува збор за 25-годишна девојка.

Тие ги соопштија на јавноста информациите што ги добиле од очевидци за околностите на трагичниот настан.

Уништена внатрешност на собата

„Според првите информации добиени од очевидци, на петтиот кат од Филозофскиот факултет биле активирани и запалени пиротехнички средства, по што, како што се сомнева, женско лице, најверојатно студентка на факултетот, скокнало од прозорецот“, наведува во писмена изјава началникот на Полициската станица Стари Град, Раденко Ресановиќ.

Тој додава дека вработените на факултетот ги изгаснале пиротехничките средства по одредено време.

Истрагата за околностите на настанот е во тек, а потребно е да се испита како пиротехничките средства влегле во зградата на факултетот и како биле активирани.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости