Трамп ги казнува американските држави за бојкот на Израел

Градовите и државите што го бојкотираат Израел ќе останат без средства за подготвеност за катастрофи

Администрацијата на Трамп објави дека државите и градовите што ги бојкотираат израелските компании нема да добијат средства за подготвеност за катастрофи. Грантовите од Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) се условени од обврската да не се прекинуваат „комерцијалните односи со израелските компании“.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) го услови ослободувањето на најмалку 1,9 милијарди долари со тоа што државите ќе се согласат да не ги прекинуваат комерцијалните врски со израелските компании.

Средствата се наменети за купување опрема за операции за пребарување и спасување, плаќање на работниците за итни интервенции и обезбедување резервни извори на енергија, според 11 известувања за грантови што ги прегледа Ројтерс.

Дополнително, големите градови мора да се согласат со политиката за пристап до 553 милиони долари финансирање за спречување на тероризам во густо населени области. На пример, Њујорк треба да добие 92,2 милиони долари, најголем износ од кој било друг примател, според известувањето на ФЕМА објавено во петокот.

Портпаролката на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави дека одделот строго ќе ги спроведува мерките против БДС, меѓународното движење кое повикува на бојкот, одземање инвестиции и санкции против Израел, за кое рече дека е „вкоренето во антисемитизмот“.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости